Клучниот фудбалер на Арсенал заминува од „Емирати“ и тоа бесплатно

Томас Парти по пет години поминати во Арсенал заминува од премиерлигашот и тоа без обесштетување откако клубот и фудбалерот не успеаја да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.

Сега 32-годишникот пристигна во Арсенал во 2020 година од редовите на Атлетико Мадрид во трансфер вреден 50 милиони евра. Во текот на годините беше стандарден првотимец забележувајќи настап на повеќе од 160 натпревари, наметнувајќи се како еден од клучните играчи на Артета во походот кон шампионскиот трофеј.

За негов ангажман постои интерес од Барселона, но и од саудиското и турското првенство.

Се вчитува...