Актуелниот европски првак ПСЖ после победата над Атлетико Мадрид со убедливи 4-0, доживеа вистински шок откако загуби од шампионот на Јужна Америка, екипата на Ботафого со 1-0. Атлеико Мадрид, пак, ја оправда улогата на фаворит против Сиетл Сандерс, и победи со 3-1.
Ботафого испиша историја на првото Светско клупско првенство, и додје до втора победа. Голот вреден триумф го постигна Игор Жесус. Моментот на одлука се случи во 36. минта кога Саварино го проигра Жесус, кој од околу 20 метри стрелаше во подалечниот агол.
Како што се очекуваше, ПСЖ нападна, доминираше, имаше дури 75% посед на топката, но Ботафого се бранеше добро. Усман Дембеле многу недостасуваше во нападот, со оглед дека Гонзало Рамош не можеше се сам против одличната и компактна одбрана на бразилскиот тим. Во вториот дел Луис Енрике фрли се на една карта, но и тоа не беше доволно.
Атлетико Мадрид исто така забележа победа, победувајќи го Сиетл со 3-1. Меѓутоа за пласман во следната фаза сга ќе им треба победа над Ботафого во последниот меч, додека ПСЖ игра против Сиетл Сандерс.
Херој на Атлетико беше двојниот стрелец Пабло Бариос во 11-тата и 55-тата минута, а ветеранот Аксел Витсел исто така постигна гол во 47-мата минута. Единствениот гол за Сиетл го постигна Руснак кој во 50. минута намали тогаш на 2-1.
Сепак, Атлетико и натаму има проблеми со играта, со оглед дека Сиетл испрати дури 16 удари кон голот на Јан Облак, и Диего Симеоне дефинитивно ќе мора да работи на одбраната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

