Тиквеш со нова победа на подготовките во Турција

Екипата на Тиквеш има одличен старт на подготовките во Турција, откако кавадаречкиот прволигаш во првите две контроли со екипи од земјата домаќин стигна до две победи.

Тиквеш во првиот меч ја совлада Анталијаспор со 4-2, а кавадарчани денеска тигнаа и до вториот триумф во низа, славејќи со 2-0 над составот на Адана 01.

Мишов од пенал го доведе македонскиот тим во водство на овој меч, а конечните 2-0 беа поставени со автогол на едне од противничките фудбалери, по центаршутот на Миловановиќ.

За одбележување е и одличното издание на голманот Тасев, кој имаше низа одлични одбрани, меѓу нив и еден запрен пенал на противничкиот тим.

Се вчитува...