Павел Атман, бекот што со голем успех настапуваше во ракометна Македонија бранејќи ги боите на Металург, потоа и на Вардар, реши да ја заврши активната кариера.
Рускиот ас ги мина последните години во израелскиот шампионат како член на Хапоел Ришон, но по последната повреда на коленото реши да му каже збогум на професионалниот спорт.
„Чувствував дека е дојдено времето за пензија. Можеби да не беше повредата ќе играв уште малку, но крајот секако беше блиску… Решив, ќе одам на операција, потоа ќе следи долго опоравување, на почетокот од кариерата ќе се вратев без проблем, но на оваа возраст знам колку тоа би било тешко. Затоа, најдобро за сите е да се каже збогум“, изјави Павел Атман.
Русинот настапуваше за Металург во периодот од 2013 до 2015 година, а потоа една сезона го носеше и дресот на Вардар (2019/2020).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

