Карачиќ ќе продолжи да игра ракомет, изненади со името на новиот клуб

Игор Карачиќ ќе продолжи да игра професионално ракомет и на 36-годишна возраст, откако легендарниот ракометар на Вардар се реши на крајот од кариерата да се врати во татковината.

Загреб ќе биде новиот клуб на експлозивниот бек, откако Карачиќ решил за првпат да го облече дресот на клубот што доминира во хрватскиот ракомет со децении наназад. Интересно, Карачиќ во Хрватска има настапувано само за Метковиќ на самиот почеток од кариерата, потоа преку Босна заврши во Вардар, каде по двете освоени европски титули се пресели во Киелце.

По истекот на договорот со полскиот гигант Карачиќ беше споменуван и како нов директор на РК Вардар, тоа не се реализираше, но хрватскиот ас одлучи дека е најдобро да продолжи да игра ракомет.

Сите детали од едногодишниот договор со Загреб се веќе средени, а за утре е закажана прес-конференција на која големиот ас ќе биде претставен како најново засилување на хрватскиот шампион.

Се вчитува...