Официјално: Томас Милер ќе игра фудбал во Канада

Томас Милер и дефинитивно донесе одлука за својата иднина, потпишувајќи договор со екипата на Ванкувер вајткапс од Канада, која се натпреварува во американската МЛС-лигата.

Ветеранот кој целата досегашна кариера ја мина во Баерн Минхен не доби нов договор со баварскиот гигант, но Милер на 35 години не сакаше да се пензионира, туку се реши за поинаков предизвик. Од неколкуте понуди на маса ја избра онаа од другата страна на Атлантикот, па денеска потпиша двогодишен договор со Ванкувер.

Она што е интересно, Синсинати беше клубот што ги имаше правата на прв потпис со Милер доколку тој некогаш реши да дојде во МЛС-лигата. Сега кога тоа се оствари, Германецот сепак не сакаше да потпише за Синсинати, поради тоа целиот трансфер се искомпликува, но проблемот беше решен откако Синсинати доби 400.000 долари отштета, по што Ванкувер го официјализираше големиот трансфер.

Се вчитува...