Oхрид подобар од домаќинот во „езерското дерби“ за старт на Струшкиот турнир

Со „езерското дерби“ денеска стартуваше новото издание на најстариот ракометен турнир во Македонија, легендарниот Струшки турнир.

Охрид славеше против големиот ривал Струга со 23-31. Првото полувреме помина во релативно израмнета игра во која за нијанса подобри беа охриѓани кои на пауза заминаа со позитива од 11-14. Во вториот дел Охрид ја оправда фаворитската улога и на крајот стигна до сигурен триумф од 23-31.

Во вториот натпревар денеска ќе се сретнат Бутел и српски Раднички.

Се вчитува...