СТРУГА 2025: Бутел со гол со звукот на сирената до реми против Раднички Крагуевац

Ракометарите на македонскиот суперлигаш Бутел ремизираа 32-32 против српски Раднички Крагуевац во првиот натпревар за двата тима на Струшкиот турнир.

Натпреварот почна во егал и се играше така се до финишот кога српскиот прволигаш успеа да направи разлика и на пауза да замине со предност од три гола 15-18.

Во вториот дел македонскиот суперлигаш иако долго време беше блиску, на две минути до крајот конечно успеа да стигне на само минус еден 30-31. Раднички поведе со 30-32, по што Бутел еднаш стрелаше и двапати се одбрани па тргна во напад за реми.

Тео Тодевски со звукот на сирената стрелаше за конечни 32-32.

Во првиот натпревар денеска во „езерското дерби“ Охрид очекувано славеше над Струга со 31-23.

Се вчитува...