Ставрев и Јакимовски како контролори дебитираа на европската сцена

Првите три кола од натпреварите во европските фудбалски купови покажаа дека претставниците од Фудбалската федерација на Македонија високо котираат во УЕФА бидејќи ниту едно коло не мина без нив што покажува дека добро ја извршуваат својата работа. По успешната судиска кариера како меѓународен судија, сега во заслужена пензија како судија, Александар Ставрев дебитираше на меѓународната фудбалска сцена овојпат како контролор предложен од Судискиот одбор на УЕФА. Тој го контролираше судењето на квалификациониот меч за Лигата на шампионите на Кипар на мечот меѓу Пафос и Макаби од Тел Авив.
Како контролор на УЕФА на меѓународните натпревари дебитираше и Дејан Јакимовски, кој поради повреда ја прекина успешната судиска кариера и беше предложен од ФФМ и прифатен од УЕФА за контролор. Тој дебитираше на средбата во Молдавија меѓу екипите Милсани и Купс од Финска во квалификациите за Лигата на шампиони.

Потоа доби уште една задача од УЕФА, ќе го контролира судењето во Азербејџан во квалификациите за конференциската лига мегу Сабах од Баку и Лефски од Софија.
Во првите три кола од европските купови на двапати беше ангажиран и третиот наш контролор на меѓународната листа Димитар Мечкаровски. Најпрвин на натпреварот во Љубљана меѓу Олимпија и Каират Амати од Казахстан, а потоа патуваше на Кипар каде во Лимасол го контролираше судењето на натпреварот меѓу Арис и унгарскиот клуб Пушкаш.

Не беше заборавен и нашиот млад меѓународен судија Јован Качевски од Струга. Најпрвин беше главен судија на натпреварот меѓу Банга /Молдавија/ и Розенборг /Норвешка/, му помагаа Гоце Петрески и Драган Трпчевски, четврти судија беше Благоја Талевски. Сега во третото коло ќе го суди мечот меѓу Арарат од Ерменија и Спарта од Прага. Ќе му помагаат Бранко Путилин и Тоше Ицев, четврти судија ќе биде Фуркан Идризи.

Големо признание од УЕФА доби и нашиот Филип Поповски кој беше делегат во Истанбул на најинтересниот реванш меч во сите три лиги меѓу Фенербахче и Феенорд од Холандија на кој победи екипата на Жозе Мурињо дури со 5:2.

Секако последниот месец беше незаборавен за Фудбалската федерација на Македонија кој влезе како најуспешен во неговата историја. Да не заборавуме Алеклсандра Пејковска беше делегат на финалниот меч на Европското првенство за жени во Швајцарија меѓу Англија и Шпанија, плус уште на четири средби на првенството ја вршеше делегатската функција.

Нашиот најдобар женски фудбалски судија ,интернационалката Ива Пројковска го судеше полуфиналниот меч на „ Копа Америка“ што се одржа во Еквадор меѓу Аргентина и Колумбија, ги судеше и мечевите: Еквадор – Перу, Уругвај-Чиле, Венецуела-Боливија, беше четврти судија на средбата Аргентина – Перу. Пројкоска е единствен судија од Македонија кој има судено на друг континент , не само во Европа.
ММ

Се вчитува...