Струга поразена од турска Бурса

Домаќинот на струшкиот турнир РК Струга загуби од турска Бурса со 28-37 во првиот натпревар од денешната програма на Женската плажа.

Турците во текот на целиот меч беа подобар противник и заслужено го добија овој натпреавар. Утре Турците ќе играат за третото место на турнир, додека Струга ќе игра во мечот за 5. место.

Во вториот денешен натпревар Тиквеш и Бутел во директен дуел ќе играат за првата позиција и финален натпревар против ГРК Охрид кој со две сигурни победи веќе е таму.

Се вчитува...