Бутел славеше против Тиквеш за финале на турнирот во Струга

Ракометарите на Бутел во крајно интересен натпревар славеа над Тиквеш со 30-31 на традиционалниот ракометен турнир Струга 2025 година.

Кавадарчани подобро го отворија натпреварот и на полувреме успеа да стигнат до позитива од пет гола 20-15. Како одминуваше второто полувреме тимот од скопската населба заигра далеку подобро и успеа на осум минути до крајот на мечот целосно да се врати во егал 27-27.

Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која подобро се снајдоа бутелчани за конечен триумф од 30-31.

Бутел во финалето ќе игра против ГРК Охрид. За третото место Тиквеш ќе се сретне со турска Бурса, додека домаќинот Струга ќе игра против српски Раднички.

Се вчитува...