Ракометен допинг-циркус со Портнер

Ракометниот допинг-циркус околу позитивниот допинг тест на Никола Портнер конечно заврши со неочекуван исход – спогодба и прифаќање на вината на голманот на Магдебург кој претходно се колнеше дека нема земано недоволени супстанци.

Целиот случај почна со позитивниот допинг-тест на Портнер пред 21 месец, следеше автоматска суспензија, која нешто подоцна сепак беше прекината откако тој доби зелено светло за камбек поради недоволни докази во случајот против него. Швајцарскиот репрезентативец се врати и даде значаен придонес во освојувањето на европската титула, за во меѓувреме организациите за антидопинг да приложат жалби на првичната одлука и случајот повторно да се активира.

На крајот, Портнер се согласил да признае дека несвесно внел недозволени супстанци во организмот, за што добил минимална суспензија од четири месеци.

Според тоа, Швајцарецот ќе може да се врати назад на голот на Магдебург на 10 декември 2025 година, а веќе во октомври ќе има зелено светло да се врати на тренинзите на својот тим.

Се вчитува...