Охрид лесно до трофејот на Струшкиот турнир

Охрид е победник на 53. издание на Струшкиот ракометен турнир откако „сино-белите“ во вечерашното финале рутински славеа над Бутел со 30-24.

Охриѓани повторно сериозно инвестираа во играчкиот кадар, доведоа и нов тренер, поради што во отсуство на најголемите македонски клубови ја имаа улогата на апсолутен фаворит на овој турнир. Таа беше рутински оправдана, „сино-белите“ во ниту еден момент не дозволија триумфот ниту во денешното финале да биде доведен во прашање, заслужено закитувајќи се со пехарот, прв во клупската историја на Охрид во 53-годишното постоење на овој традиционален турнир.

Дарко Ѓукиќ со девет гола беше главна фигура на финалето, уште една потврда дека поранешниот играч на Вардар и Металург ќе биде значаен адут на Охрид во сезоната што следи.

Тиквеш го освои третото место откако во „малото финале“ на пенали ја совлада Бурса со 21-19,

Се вчитува...