Вардар почна со продажба на новите дресови, цената е…

Ракометниот клуб Вардар учествува на турнирот во Охрид, но „црвено-црните“ во меѓувреме во Скопје ги пуштија во продажба дресовите што избраниците на Иван Чупиќ ќе ги носат во новата натпреварувачка сезона.

Управата на Вардар донесе одлука цената на дресовите да изнесува 3.690 денари (околу 60 евра) за возрасни и 3.390 за деца, а истите ќе можат да се набават во фан-шопот во рамките од СЦ „Јане Сандански“.

„Упатуваме повик до црвено-црната армија, новата сезона да ја дочекаме подготвени! Бодри го Вардар во ⚫️🔴 дрес! 👉🏻Шампионскиот карактер на теренот и поддршката од трибините, тоа е силата на тврдината. Заедно за Вардар“, порачаа од редовите на двократниот европски шампион.

Се вчитува...