Некогаш беше огромен талент на португалскиот фудбал. Го споредуваа со големите фудбалски ѕвезди, му предвидуваа блескава иднина. Затоа Баерн Минхен уште на негови 18-години загриза и го донесе во своите редови, но португалскиот фудбалер Ренато Санчез како да „потона“, и никогаш не беша ниту блиску од она кое му се предвидуваше.
Баерн Минхен се обидуваше да го „оживее“ и го испрати на позајмица во Свонси, па откако не успеа, го продаде на Лил. Таму се врати колку толку, па после три години потпиша за ПСЖ. Но, и таму одново „потона“, па потоа следуваа позајмици во Рома и во Бенфика. Но, на играчот од средниот ред веќе му дојде преку глава од нови позајмици, и сега ќе оди во Грција за да ја оживее кариерата.
Според информациите од грчките медиуми, Португалецот денеска слетал во Атина на потпис на договор со тимот на Панатиниакос. 27-годишниот фудбалер би бил големо засилување за „зелено-белите“ од Атина во обидот да стане првак на земјата, но и во Европа, каде грчката екипа се наоѓа пред промоција во групите во Лигата на Европа, откако вчера на домашен терен со 2-1 го совлада Самсунспор во првиот меч од плеј-офот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

