Е. Пелистер со уште едно реми на „Крсте Андоновски“

Ракометниот шампион на Македонија, Е. Пелистер по ремито со Тримо Требње, одигра уште една нерешена на тунирот „Крсте Андоновски“ откако денеска ремизираше против Динамо Панчево одиграа 24-24.

По синоќешната голема победа над Вардар, македонскиот шампион како подзаспан го отвори мечот против Динамо Панчево. Србите го искористија тоа па на полувреме имаа позитива од 13-10.

Слично продолжи и второто полувреме се до последните десет минути кога нашиот шампион го покажа целиот свој квалитет и успеа да го внесе натпреварот во неизвесна завршница (20-20).

Таму и двата тима одиграа гол за гол, па натпреварот најзаслужено заврши нерешено 24-24.

Се вчитува...