Македонскиот првак Е. Пелистер ќе игра во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, и тоа благодарение на големиот ривал Вардар кој во клучниот меч триумфираше над Тримо Требње со 32-30. Пелистер неочекувано ремизираше на својот меч со Динамо Панчево, со што остави простор Тримо со триумф над Вардар да го освои првото место во групата, со самото тоа Словенците да стигнат и до билет за финалето.
Вардар повторно настапи без неколку стандардни првотимци, но „црвено-црните“ за различна од вчерашното дерби со битолчани овојпат беа далеку порасположени во нападот, на крајот стигнувајќи до заслужена победа. Тримо имаше предност од 15-16 на паузата, но „вардарци“ заиграа далеку подобро во вториот дел, го свртеа резултатот во своја полза и заслужено се радуваа на победата.
Е. Пелистер и Вардар се израмнети по бројот на бодови во групата, но поради победата на битолчани на синоќешното дерби овој тим ќе игра во големото финале, додека „црвено-црните“ ќе мораат да се задоволат само со битка за третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

