Ракометарите на Алкалоид продолжија со одличните настапи на подготовките летово откако избраниците на Кире Лазаров славеа и на шестиот меч во низа. „Сино-белите“ вечерва за противник го имаа словенечкиот тим Шкофја Лока, кого Алкалоид без многу мака го совлада со 31-24.
Словенците парираа само до 6-6, по што Алкалоид се одлепи со четири гола во низа, на полувреме стигна и до „плус седум“, предност што „пулените“ на Лазаров ја задржаа до самиот крај.
Стратегот на Алкалоид повторно им даде шанса на сите ракометари, се со цел да се крене формата на секој нареден натпревар во пресрет на официјалниот старт на сезоната – двомечот со германски Хановер во квалификациите за Лигата на Европа.
Последниот меч во подготвителниот период за РК Алкалоид ќе биде финалето на 31 Меморијален турнир „Јоже Шилец“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

