Поранешниот тренер на Вардар ќе работи во САД

Поранешниот тренер на двократниот европски шампион Вардар, Гиљермо Милано пронајде нов ангажман, по раскинувањето на договорот со „црвено-црните“.

Милано ќе биде тренер на еден од најдобрите американски клубови, Калифорнија Иглс со кој ќе се натпреварува и на Светското клупско првенство кое на програмата е во септември.

„Горди сме што може да објавиме дека Гиљермо Милано се приклучува на нашиот тим додека се подготвуваме за Светското куп на ИХФ. Со меѓународно искуство и лидество, Милано ќе донесе победнички менталитет на нашиот тим на светска сцена“, стои во објавата на клубот од САД.

Милано во јуни доби отказ во Вардар, иако само неколку недели претходно стави потпис на нов договор.

Се вчитува...