Двократниот европски шампион Вардар загуби во мечот за третото место од хрватскиот Нексе со 28-26 на турнирот „Крсте Андоновски“ кој се игра во Охрид.
Иако гостите од Хрватска одиграа подобро во првото полувреме и во неколку наврати имаа и плус три, како одминуваше времето вардарци успеаја да се вратат и на пауза да заминат само со минимална негатива од 16-15.
Второто полувреме беше како пресликано на првиот дел. Нексе во текот на целиот меч имаше предност и иако „црвено-црните“ се обидуваа да се вратат немаа сила за ништо повеќе од пораз од два гола разлика 28-26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

