Фуксе Берлин подобар од Кил по пенали за титула во германскиот Суперкуп

Ракометарите на актуелниот германски шампион Фуксе Берлин во неверојатен меч славеа над Кил по изведување на пенали со 34-33 во Суперкупот на Германија.

Европскиот вицешампион одигра одлично во првото полувреме па по триесет минути игра имаше плус пет 19-14. Кил заигра многу подобро во вториот дел успеај да ја анулира предноста и да го одведе мечот во пенал рулетот (31-31).

Таму ракометарите на Фуксе Берлин беа посигурни, а трагичар за Кил беше Скипаготу, со што тимот од главниот град на Германија успеа да ја одбрани титулата освоена минатото лето.

Се вчитува...