Ракометарите на ГРК Охрид продолжуваат со одличните партии во подготвителниот период пред стартот на новата сезона. По освојувањето на турнирот во Струга, охриѓани славеа и на домашниот „Крсте Андоновски“ откако во финалето ни помалку ни повеќе беа подобри од актуелниот шампион на Македонија, Е. Пелистер со …
Охриѓани одлично го отворија натпреварот. Го контролираа резултатот против актуелниот шампион во сите триесет минути, па на пауза успеаја да заминат со предност од два гола 12-10.
Домаќините на турнирот „Крсте Андоновски“ одлично продолжија и во вториот дел, па по 45 минути игра стигнаа и до највисоките плус четири 21-17. До крајот успеаја да ја задржат предноста за конечен триумф од … и големо славје во „Билјанини извори“.
МЕЧ ЗА 7. МЕСТО:
КИНДИЛ – ДИНАМО ПАНЧЕВО 24-28
МЕЧ ЗА 5. МЕСТО:
ПАРТИЗАН – ТРИМО ТРЕБЊЕ 33-32
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО:
НЕКСЕ – ВАРДАР 28-26
ФИНАЛЕ:
ГРК ОХРИД – Е. ПЕЛИСТЕР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

