Репрезентативецот Младеновиќ се сели во Франција

Македонскиот ракометен репрезентативец Михајло Младеновиќ кариерата ќе ја продолжи во Франција откако потпиша договор со екипата на Кретеј.

Станува збор за клуб од Првата лига (втор ранг на натпреварување, зад Стар-лигата), кој денеска и официјално објави дека е потпишан двогодишен договор со Младеновиќ.

„Со задоволство можеме да го објавиме потписот на двогодишен договор со Михајло Младеновиќ. Баравме лев бек што би го дополнувал Давид Иглесијас, стручниот штаб ги насочи погледите коон Младеновиќ, македонски репрезентативец кој минатите седмици беше на проба во клубот. Михајло импресионираше со посветеноста и ракометната култура, по што решивме да потпишеме договор“, објави Кретеј.

Младеновиќ ланската сезона ја мина во дресот на Алкалоид, клуб со кој стигна и до трофејот во ЕХФ Европскиот куп.

Се вчитува...