Македонскиот првак Е. Пелистер го освои трофејот на првиот регионален турнир „Скопје 2025“ во кој покрај двете најдобри екипи од ланската сезона во мак-ракометот учествуваа и српскиот шампион Војводина и црногорскиот првак Ловќен.
„Пелистерци“ во претходните два дена славеа над Војводина и над Ловќен, за денеска да триумфираат и над вечниот ривал Вардар со резултат 25-23. Откако неодамна ги совладаа „вардарци“ и на турнирот во Охрид, битолчани беа подобри и на денешниот меч во СЦ „Јане Сандански“, имаа целосна контрола над резултатот, на полувреме водеа со 14-11, задржувајќи ја позитивата до конечните 25-23.
На женскиот дел од турнирот очекувано славеше црногорски Будуќност, кој по победите над македонските претставници Металург Автокоманда и Ѓорче Петров денека убедливо славеше и над Бор од Србија со 46-26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

