Ова е најскапиот тим во преодниот рок, чини 880 милиони евра

Заврши преодниот рок во топ 5 првенствата на Европа, а сега се сумираат впечатоците од трансферите кои ги направија големите клубови.

Се чини дека најмногу и наскапо купуваше Ливерпул. Во најскапиот тим на преодниот рок има дури тројца играчи на Ливерпул, а плус еден со излезен трансфер.

Најскапиот тим на преодниот рок го почнува голманот Шевалие кој за 40 милиони се пресели во ПСЖ. Хујсен во Реал Мадрид замина за сума од 62,5 милиони, Забарњи во ПСЖ за 63 милиони евра. Реал Мадрид го ангажираше Карерас за 50 милиони.

Во средниот ред Мбуема во Манчестер за 75 милиони, Зубименти во Арсенал за 70 милиони, а тука е Вирц кој за 125 милиони евра се пресели од Баер Леверкузен во Ливерпул. Од Ливерпул во Баерн Минхен замина Луис Диаз, од кого „црвените“ заработија 70 милиони.

Њукасл го купи Волтемаде од Штутгарт за 85 милиони евра, додека двоецот во нападот го сочинува Ливерпул. Екитике кој беше платен за 95 милиони евра, додека Исак целосно го урна рекордот на трансфери ова лето и севкупно во Премиерлигата. Напаѓачот од Њукасл се пресели на „Енфилд“ за сума од 144 милиони евра.

Вкупно целиот тим чини 879,5 милиони евра.

Се вчитува...