Галатасарај купи голман и го урна рекордот во турската Супер-лига

Галатасарај го реши прашањето околу голманската позиција со ангажман на голманот на  турската репрезентација Угурчан Чакир, кој ќе пристигне во тимот од Истанбул за сума од 30 милиони евра, плус три милиони кои би биле обезбедени преку бонуси. Тоа ќе биде највисок трансфер помеѓу два турски клуба.

Чакир ќе треба да биде замената за Фернандо Муслера, кој долги години го чуваше голот на тимот, но сега се реши да замине и да се врати во Уругвај.

Многу имиња се спомнуваа како можни голмани, меѓу нив и Едерсон од Манчестер Сити, но тој на крајот ќе замине во Фенербахче, ривалот на Галатасарај, за да отвори место за Џанлуиџи Донарума да пристигне на „Етихад“.

Чакир е производ на младинската школа на Трабзонспор. Во минатото за него имаше интерес од поголеми клубови.

Се вчитува...