Циркус пред Супер-купот: Стартот одложен, инает на битолските фанови со официјалните лица

Стартот на мечот од Супер-купот на Македонија меѓу Е. Пелистер и Вардар е одложен откако официјалните лица и луѓето од обезбедувањето не успеваат да ги убедат навивачите на „пелистерци“ да се поместат три реда погоре на трибината во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Битолчани се сместени на трибината зад клупите на екипите и на записничката маса, а официјалните лица согласно правилата инсистираат навивачите да се кренат три реда зад клупата каде се наоѓа противничката екипа.

Навивачите јасно ставија до знаење дека нема да се поместат, реагираа и капитенот Филип Кузмановски, дел од раководството на РФМ, во близина имаше претставници на полицијата и на обезбедување, но тешко се наоѓапе компромис.

По чекање од 20 миинути, конечно полицијата успеа да се искачи еден ред, како „тампон зона“ меѓу клупата на Вардар и навивачите на Пелистер, по што Супер-купот конечно почна.

Се вчитува...