Александар Митровиќ има нов клуб, ќе игра во Катар

Откако не се најде на списокот за Ал-Хилал на пријавени играчи за следната сезона, беше јасно дека српскиот напаѓач Александар Митровиќ ќе го напушти клубот предводен од Симоне Инзаги.

Во изминатите недели се шпекулираше дека капитенот на српската репрезентација би можел да се врати во Европа, но веројатно тоа нема да се случи. 

Медиумите во Катар ја објавија веста дека Митровиќ наскоро ќе стане нов фудбалер на тамошниот Ал Рајан, и дека трите страни се договориле за целиот договор.

Нема повеќе детали за новиот ангажман на српскиот фудбалер, но нема сомнение дека Митровиќ ќе претставува исклучително важно засилување за клубот кој ја заврши претходната сезона како петтопласиран тим на првенството на Катар.

Се вчитува...