Селекторот на Аргентина во солзи поради Меси: Крајот е блиску…

Во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство, „Гаучосите“ ќе ја пречекаат Венецуела на „Монументал“.

Екипата на Лионел Скалони во голема мера обезбеди пласман на Светското првенство, но сепак ова нема да биде неважен натпревар.

Причината е што Меси ќе го одигра својот последен официјален натпревар во Аргентина за својата репрезентација. После тоа доаѓа Светското првенство, а потоа ќе се збогува со репрезентацијата.

Поради ова, прес-конференцијата имаше емотивен тон, прво заплака новинарот, а потоа и тренерот Скалони .

„Возбуден сум, утре ќе биде посебен, емотивен, но одличен натпревар. Можеби за Меси ќе биде неговиот последен меч за Аргентина пред своите навивачи. Ова емотивен момент. Чест и задоволство е да се тренира еден од најдобрите на сите времиња“, рече Скалони.

Се вчитува...