Словенецот Фрањо Бобинац ќе го предизвика Мустафа за прв човек на ИХФ

Михаел Видерер денеска лесно и рутински доби нов мандат како претседател на ЕХФ, но многу пожестоко се очекува да биде во декември, кога ќе се избира раководството на Светската Ракометна Федерација ИХФ.

Египќанецот Хасан Мустафа е прв човек на ИХФ уште од 2001 година, иако веќе има 81 година тој најави дека ќе се кандидира за нов мандат, но денеска доби сериозна конкуренција откако Словенецот Фрањо Бобинац објави дека ќе биде кандидат за прв човек а светскиот ракомет.

Бобинац е прв човек на Словенечкиот Олимписки Комитет, до пред неколку години беше претседател на Ракометната Федерација на Словенија, која заедно со РФМ на чело со Живко Мукаетов беше ко-домаќин на женското сениорско европско првенство. Тој во последните години беше и дел од Извршниот комитет на ЕХФ, од каде денеска и официјално си поднесе оставка за да може да се кандидира за претседател на ИХФ.

Изборот за претседател на ИХФ ќе се одржи на 21 декември во Каиро, а Словенецот ќе има тешка задача „на гостински терен“ да го совлада Хасан Мустафа.

Се вчитува...