Вардар има перфектен скор на стартот од новата суперлигашка сезона, но „црвено-црните“ решија дополнително да ги засилат своите редови во пресрет на стартот на европската авантура и учеството во ЕХФ Лигата на Ервопа.
Повредата на Кеита ги промени плановите на „црвено-црните“, па управата на Вардар беше принудена да се врати на пазарот и да доведе нов играч на позицијата лево крило.
Изборот падна на Жуниор Тузолана, 28-годишен француски ракометар кој досегашниот дел од кариерата го минал во татковината, а Вардар ќе му биде прв меѓународен предизвик во кариерата.
Тузолана доаѓа во Вардар откако претходните четири сезони ги мина во Сесон, а претходно ги има брането боите на Истр и на Нант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

