Мато и Уганда немоќни против Тунис на отворањето на АКН (ВИДЕО)

Тунис со победа над Уганда од 3-1 го отвори овогодинешното натпреварување во Африканскиот Куп на Нации. Уганда предводена од вардаровиот фудбалер Роџерс Мато, немаше сила за изненадување против фаворитот, кој на крајот успеа да стартува со три бода.

Мато беше стартер и играше до 84. минута од средбата на позицијата лево крило за својот национален тим.

Тунис поведе со голот на Скири кој со глава по еден центаршут го совлада голманот на Уганда во 10. минута. Пред самиот финиш на првиот дел во 40. минута Абди го проигра Ахури кој од прва шутираше прецизно во голот на противникот.

Во 65. минута Ахури постигна уште еден гол за Тунис, откако одбиената топка ја смести во мрежата на противникот. Во 92 минута од средбата Омеди само успеа да го ублажи поразот.

Се вчитува...