Галатасарај го продаде за 30 милиони, сега го враќа за двојно помалку

Германскиот шампион Баерн Минхен одреди цена од 20 милиони евра за дефанзивецот Саша Бој , кој е во потрага по нов тим. Клубот од Минхен сè уште ја разгледува можноста за разделба со Бој за време на зимскиот преоден рок и бара сума до 20 милиони евра.

Бој дојде во Минхен од Галатасарај за сума од нешто повеќе од 30 милиони евра. Токму тимот од Истанбул го сака повторно во своите редови, и се надева дека ќе може да го ангажира за двојно помалку, односно за 15 милиони евра отколку што беше продаден на стартот од 2024 година.

Бој нема играно од 1 ноември поради повреда, а оваа сезона има 9 настапи во Бундеслигата.

Се вчитува...