Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели не размислува за пензија и покрај тоа што година дена беше надвор од професионалниот фудбал.
Голгетерот кој своевремено ги тресеше мрежите настапувајќи за Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул е пред потпис со Ал Итифак во Обидинетите арапски емирати.
Според последните информации овој клуб е подготвен на 35-годишникот да му даде договор со важност до крајот на сезоната во 2028 година.
Балотели последниот настап во професионалниот фудбал го имаше во дресот на Џенова, во меѓувреме се споменуваа повеќе опции како негова следна дестинација, но без конкретна понуда па во последната година тој само активно тренира во аматерскиот клуб Карпенедоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

