Жозе Мурињо уште еднаш покажа дека не отстапува од својот препознатлив стил, бидејќи по новата победа на Бенфика, влезе во конфликт со португалски новинар и јасно стави до знаење дека нема да одговара на одредени прашања.
По триумфот на Бенфика од 1-0 над Фамалика, вниманието на јавноста требаше да биде насочено кон теренот. Херој на вечерта беше Вангелис Павлидис, кој со гол стигна до бројката од 43 гола во 2025 година и со тоа се изедначи со легендарниот Еузебио по бројот на голови во една календарска година. Сепак, спортскиот аспект на натпреварот набрзо падна во втор план.
На прес-конференцијата, Мурињо одби да одговори на новинарско прашање, што веднаш предизвика тензии. Искусниот тренер веќе на почетокот јасно стави до знаење зошто нема намера да влезе во разговорот.
„Оваа недела објавивте лажни вести за мене. Што се однесува до главниот дел од вашата статија, ве известувам дека се лажни“, рече Мурињо.
Иако новинарот се обиде да го повтори прашањето и да добие одговор, реакцијата на 63-годишниот стратег беше уште поостра и подефинитивна.
„Казнет си. Нема да ти одговорам. Можеби следната недела“, заклучи Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

