Искинат дрес на Марадона од натпревар на Барселона, беше продаден за 152.000 евра. Дресот датира од финалето на Купот на Кралот од 1984 година кога Барселона загуби од Атлетик Билбао со 0-1.
Според информациите, ова е највисоката цена платена досега за клупски дрес на Аргентинецот.
Марадона играше во Барселона од 1982 до 1984 година, пред да замине во Наполи. Славниот Аргентинец почина на 25. ноември 2020 година на 60-годишна возраст, но неговите дела и предмети и натаму се на цена во фудбалскиот свет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

