Контроверзниот португалски тренер Жозе Мурињо, направи уште едно шоу во неговата кариера, откако се скара со новинар и не сакаше да му одговори на прашање на натпревар од португалскиот шампионат.
По натпреварот на Бенфика против Фамилисао, Мурињо нападна новинар и одби да одговори на новинарско прашање, поради, како што кажа, лажен извештај.
„Вие напишавте приказна, а јас бев главна тема во текстот. Морам искрено да ви кажам дека сето тоа е лага. Затоа нема да ви одговорам денеска, вие сте казнети. Можеби следниот пат ќе сакам да зборувам“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

