Претседателот на Фенербахче, Садетин Саран издаде соопштение откако вчера бил приведен поради наводно користење на кокаин. Тој веднаш бил ослободен со кауција, но има ограничување на патувања.
Саран ги демантираше овие вести, и кажа дека никогаш не ни видел кокаин во неговиот живот, и дека ќе бара повторно да биде позитивен.
„Никогаш не сум користел таква супстанца за која Институтот за судска медицина наводно добила позитивен тест, ниту сум ја видел одблизу. Ваквите обвинувања претставуваат очигледна кампања за клевета насочена кон мене лично, поткопувајќи ги моите лични права и деловен углед, и имаат за цел да им наштетат на институциите што ги претставувам. Во овој поглед, би сакал да нагласам дека сум подготвен веднаш и без двоумење да обезбедам сите потребни повторни примероци. Не се грижам затоа што знам дека сум чист, и вистината ќе се утврди“, напиша Саран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

