Онана не жали за трансферот во Турција: Ова е најдобриот период во мојот живот

Голманот на Трабзонспор, Андре Онана, вели дека го има најдобриот период во својот живот играјќи за турскиот клуб како позајмен играч од Манчестер Јунајтед . Камерунецот брзо стана миленик на навивачите во неговиот сегашен клуб, што е нешто со што голманот е задоволен.

Тој вели дека е одлично прифатен од навивачите на клубот и од сите од раководството и посакува да остане и натаму дел од овој клуб.

„Многу сум среќен, верувајте ми. Ова е мојот најдобар период во животот. Не можам да се жалам и многу сум среќен тука. Понекогаш кога возам навивачи ми го блокираат патот и сакаат да се фотографираат со мене. Кога ќе ме видат се среќни, па и јас сум. На почетокот беше тешко, а сега ги разбирам. Ова се мои луѓе и јас ги сакам. Времето поминато тука е совршено за мене. Начинот на живот е различен, но е одличен“, изјави Онана.

Се вчитува...