Норвешка без уште еден клучен играч за ЕП 2026

Норвешка ќе ја има улогата на ко-домаќин на претстојниот европски шампионат во ракомет, но оваа скандинавска селекција се соочува со огромни проблеми поради повредите на неколку важни ракометари.

На листата отсутни од денеска се најде и десниот бек Харалд Рајнкинд, кој поради повреда веќе го напушти репрезентативниот табор, откако стана јасно дека нема шанси да се рехабилитира навреме за да настапи на овој шампионатот. Тој имаше незгодна повреда на стапалото и го очекува пауза од најмалку два месеци, во најлош можен момент за норвешкиот национален тим.

Проблемите се уште поголеми ако се знае дека повреден од десните бекови е и Род, а во ротацијата како десни бекови норвешкиот селектор овојшшат ќе ги има Патрик Хеланд Андерсон и Симен Шонингсен.

Норвешка е дел од групата Ц во која за противници ќе ги има селекциите на Франција, Украина и на Чешка.

Се вчитува...