Ракометарот на Охрид, Анте Иванковиќ би требало да ги брани боите на Хрватска на претстојниот европски шампионат откако доби дополнителен повик од селекторот Дагур Сигурдсон.
Хрватскиот кормилар беше принуден на промена во ростерот по повредата на Леон Љевар, а изборот за негова замена падна токму на Иванковиќ, кој игра одлична сезона во македонската Супер-лига.
Бекот денеска се приклучил на подготовките на репрезентацијата и во следните денови ќе се обиде да се наметне кај стручниот штаб за место на финалниот список на патници за Малме.
Хрватска за противници во групата од првата фаза од ЕП 2026 ќе ги има селекциите на Шведска, Холандија и Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

