Проблемите на селекторите со повредени ракометари се зголемуваат како што се приближува почетокот на ракометниот европски шампионат закажан за 15 јануари.
Така, ко-домаќинот со Шведска од денеска се соочи со нов проблем откако левото крило Џери Толбринг поради повреда мораше да се повече од настап на претстојниот европски шампионат. Ракометарот на Есбјерг имаше проблеми со мускулот на ногата, препорачаната пауза изнесуваше најмалу три седмици, поради што шведскиот селектор реши да даде зелено светло Толбринг да го напушти репрезентативниот табор и на негово место да го повика 20-годишниот Феликс Монтевоби, член на Малме.
Толбринг е третото лево крило на Шведска што се повреди во пресрет на ЕП 2026 откако претходно истото беше случај и со Пелас и со Мелегард.
Шведска е дел од групата Е што ќе се игра во Малме, каде оваа скандинавска селекција за ривали ќе ги има Хрватска, Холандија и Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

