Словенија во огромни проблеми: Без најдобриот на ЕП

Нема крај на проблемите за ракометарите на Словенија пред настапот на Европското првенство. Селекторот Урош Зорман остана без Алекс Влах, кој ќе го пропушти настапот на собирот на најдобрите европски селекции.

Со тоа се зголеми списокот на отсуства кај Словенците, кој станува неверојатен. Пред вечерашниот „тест“ натпревар против Кувајт, без ЕП останаа Нејц Цехте, Блаж Благотиншек, Борут Мачковшек, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц и Јака Малуш.

Покрај тоа Хенигман и Сухолежник имаат проблеми со повреди, како и Домен Новак кој има болки во препоните, а Слатинек Јовичиќ е со повреда на бутот.

Се вчитува...