Данска со полесен тренинг против Грција

Репрезентациите противници на Македонија на Европското првенство во Данска продолжуваат со подготвителните дуели пресрет почетокот на континенталниот собир во Скандинавија.

Токму домаќинот Данска кој е прв противник на нашите ракометари денеска прв одигра пријателски меч против репрезентацијата на Грција кој го доби без поголеми проблеми. Данците во текот на целиот меч имаа предност и на крајот стигнаа до конечен триумф од 38-24.

Покрај Данска, Македонија на еврошампионатот ќе игра против Португалија и Романија.

Се вчитува...