Украина подобра од Бахреин за трето место на „Жолтиот куп“

Ракометната репрезентација на Украина го совлада Бахреин со 33-31 во натпреварот за третото место на подготвителниот турнир кој се игра во Швајцарија, пресрет настапот на Европското првенство во Скандинавија.

Двете репрезентации одиграа еден израмнет натпревар во кој и во двете полувремиња Украинците беа за еден гол подобри што беше доволно за конечен триумф од 33-31 и освојување на третото место.

Во финалето на овој турнир Македонија ќе игра со домаќинот Швајцарија.

Се вчитува...