Португалскиот селектор Пауло Переира ги предупреди своите ракометари дека ќе ги очекува тешка задача да ја минат првата фаза од ЕП 2026.
Португалците во првото коло ќе се сретнат со Романија, потоа на 18 јануари ќе ги одмерат силите со Македонија, а за 20 јануари е закажан нивниот дуел со домаќинот Данска. Оваа селекција пред две години славеше рутински во квалификацискиот двомеч со Македонија (23-29 во Скопје, 32-27 во Португалија), но Переира ги предупреди своите играчи дека ќе мора да одиграат стопроцентно бидејќи нашата национална селекција напредува воизминатиот период.
„Македонија е репрезентација што исто така ја познаваме, игравме против нив, иако можам да кажам дека тоа не е истата селекција од пред две години. Селекторот Лазаров работи со оваа екипа веќе извесно време, гради сериозен проект и ќе мораме да бидеме внимателни. Имаме одредени информации од нивните последни натпревари, Македонија дефинитивно е ривал против кого ќе мораме да бидеме внимателни. Мораме да се подготвиме максимално, верувам дека тоа ќе биде случак, бидејќи математички со две победи над Романија и Македонија во првите две кола би имале обезбедено пласман во следната рунда“, изјави Переира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

