Неверојатно! Германскиот селектор и „подари“ победа на Србија во бизарна ситуација

Ракометарите на Србија триумфираа над Германија со 30-27 на Европското првенство забележувајќи значајна победа која го отвара патот до место во следната фаза.

Финишот на натпреварот го одбележа голема драма, но и голем пропуст на селекторот на Германија, Алфред Гисласон кој и „подари“ победа на Србија.

Имено, германскиот селектор во моментите кога Србија водеше со 26-25 побара тајм-аут буквално во истата секунда кога неговиот тим реализираше за изедначување од 26-26.

Судиите мораа да ја погледнат ситуацијата по што одлучија дека тајм-аутот е побаран непосредно пред топката да влезе во гол на големо разочарување на германските ракометари и навивачи.

„Нормално, тоа е моја грешка. Сакав да побарам тајм-аут. За жал го притиснав копчето дел од секундата порано. Тоа е моја вина“, изјави Гисласон по мечот.

Се вчитува...