Најдобриот германски играч го нападна селекторот по поразот од Србија: Не може тоа така

Германија може да го завршат Европското првенство уште во групната фаза, откако добија (не)очекувана шлаканица од Србија во второто коло. Сега Германците ќе мора да бркаат победа над Шпанија, ако сакаат да се надеваат дека ќе продолжат во плеј-офот.

Еден потег беше невобичаен, а тоа е оној на селекторот Алфед Гисласон да побара тајм-аут во мигот кога Кнор беше сам пред голот на Србите и постигна погодок, но топката откако беше на самата гол линија, се огласи сирената. Тоа го изнервира најдобриот играч на Германија, Јури Кнор кој го нападна селекторот после натпреварот.

„Секако дека вриете одвнатре додека седите на клупата, а знаете дека можете да му помогнете на тимот на теренот“, рече играчот, кој играше првпат на ова Европско првенство.

Болниот момент се случи во 58. минута кога Кнор постигна гол за измранување, но беше поништен поради барањето на Гисласон.

„Сега мораме да ја победиме Шпанија, но не можеме да го сториме тоа ако поединци играат цели 60 минути. Не може тоа така. Згора на тоа имаме осцилации во играта. Имаме добри фази, а потоа се појавува некаков страв. И покрај се мора да се кренеме и да веруваме во својот квалитет“, изјави Кнор.

Се вчитува...