Исланд подобар од Унгарија во меч во кој на центарот беше македонската двојка, Словенија го осигура првото место против Фарски острови

Ракометарите на Исланд во крајно интересен натпревар славеа против Унгарија со 23-24 во меч во кој арбитражата ја делеше македонската судиска двојка Митревски и Тодоровски. Двете репрезентации одиграа еден тврд и неизвесен натпревар во кој за нијанса подобри беа исланѓаните. Кристијансон со седум гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Бенце Имре исто така заврши со седум гола.

Репрезентацијата на Словенија со максимален учинок ќе замине во втората фаза откако во клучниот меч славеше против Фарски острови со 30-27 и со тоа ја испрати и Швајцарија во главната фаза, а за Фарски острови и за Црна Гора заврши шампионатот.

Домен Макуц со десет гола беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Скипаготу заврши со девет гола.

Се вчитува...