Холандија со победа над Грузија го заврши настапот на ЕП

Ракометната репрезентација на Холандија славеше над Грузија со 31-26 во натпревар од последното трето коло од групата Е кој одлучуваше за третото место во овој сегмент и полесен противник во баражот за СП следната година.

Грузијците му парираа на фаворитот се до финишот на првото полувреме кога Холанѓаните се одлепија на плус три 18-15. Во вториот дел избраниците на Штафан Олсон го контролираа резултатот и на крајот славеа со 31-26.

Ивар Ставашт со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 11 поени на Ѓорѓи Шковебрадзе.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...